Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да стигне до титула во игра на двојки на ИТФ турнирот во Летонија. На финалето во Лиепаја, Ѓорческа во двојка со Чагла Бујукакчај загубија во три сета од Семенистаја/Висман.
Ѓорческа и Бујукакчај го загубија првиот сет со 6:4 во гемови, но одиграа одлично во вториот и го добија со 6:2.
Сепак, потфрлија во одлучувачкиот сет каде беа поразени со 10:3.
The post Ѓорческа остана без титула во двојки на турнирот во Летонија appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
