мај 17, 2026

Стен Вавринка можеби го спречи Новак Ѓоковиќ да освои уште два гренд слема со двете победи во големите финалиња во минатото, но во петочната вечерна сесија на Вимблдон, 38-годишниот Швајцарец немаше сили да му се спротистави на светскиот рекет број 2, кој стигна до убедива победа во три сета со 6:3/6:1/7:6(5) за нешто повеќе од два часа.

Вавринка пред мечот изјави дека се надева дека српскиот ривал „нема да го убие“, но апсолутно немаше одговор за играта на Србинот. Во првиот сет беше доволен еден брејк за предност на Ѓоковиќ, за во вториот да ја искористи несигурноста во играта на противникот и да направи три брејка и да го освои за само 31 минута.

Во третиот сет, Вавринка покажа дека не за џабе е трикратен гренд слем шампион, успевајќи да одолее на сите напади и не дозволи брејк, за потоа да потклекне во тај-брејкот.

Ова беше 27. меч помеѓу двајцата добри познаници, и сега Ѓоковиќ има 21-6 скор!

Следен за актуелниот седумкратен шампион ќе биде Полјакот Хуберт Хуркач, откако 17. носител со 7:6(4)/6:4/6:4 беше подобар од Италијанецот Лоренцо Мусети.

The post Ѓоковиќ го „збриша“ Вавринка во вечерното шоу на Вимблдон appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK