мај 17, 2026

Филип и Летиција, шпанската кралска двојка, на ручек ja угостија кралската двојка од Јордан, а оваа средба не само што беше дипломатска, туку и модна…

Кралот и кралицата на Јордан, Абдула Втори и неговата поубава половина кралицата Ранија се сретнаа на ручек во Кралската палата во Мадрид, а средбата беше договорена како дел од работната посета на Шпанија со цел зајакнување на воената и безбедносната соработка.

Дамите избраа тесни миди фустани со слична должина и крој за оваа пригода, но Ранија мислела дека ќе биде поладно, па облекла долги ракави.

Изборот на бои и цветни мотиви беше сличен, но домаќинката, кралицата Летиција, остави поведар и поопуштен, така да се каже, летен впечаток.

Последната сличност лежи во салоните со речиси идентична боја, па можеме да заклучиме дека овие две дами имаат многу сличен моден вкус.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK