Во Белград постои кафуле во кое нема ценовник. Инфлуенсерот Лука Алериќ од Белград, објави видео од кафулето „Звуци на срцето“ во кое ja пренесува приказната за овој локал.
„Внатре е опуштена и лабава атмосфера. Нарачав лимонада која нема цена. Дали тоа значи дека е бесплатна? – Услугата беше брза и коректна, а лимонадата уште подобра“, вели Лука во видеото.
Во ова кафуле ве служат лица со пречки во развојот, а гостите сами одлучуваат колку ќе платат за својата пијачка. На секоја маса се поставени кутии во облик на срце во која се ставаат парите колку што мислите да ги оставите.
За персоналот Лука вели дека се доста љубезни. Локалот е опремен со рачно изработени уметнички слики. Веднаш до локалот се наоѓа и продавница со изработки од лицата со попречен развој.
The post (Видео) Кафуле во Белград нема ценовник, во него служат лица со пречки во развојот appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде