октомври 23, 2024

Скопјани не веруваат дека ќе биде исполнето ветувањето за бесплатен превоз во главниот град. Според испитаниците на „Внимание, внимание“ објавено на каналите на „Трн.мк“, ветувањето е „мижи Асан да ти баам“.

Тие велат дека голема е разликата од ветување до остварување и сметаат дека нема ништо бесплатно. Испитаниците освен тоа, коментираат дека треба да се подобри услугата.

Граѓаните велат дека не би било лошо да има ќеси за повраќање во автобусите во Скопје, поради лошите услови.

Граѓаните низ главниот град кажуваат дека поради доцнењето на автобусите, кое доста често е 10 до 15 минути, доцнат на работа, а други раскажуваат дека се случувало некои линии да доцнат и по еден час или воопшто да не дојдат.

Анкетата „Внимание, внимание – зборуваат граѓаните“, се емитува на каналите на „Трн“ (на Фејсбук, YouTube, и на Инстаграм) и нејзината цел е да се чуе гласот на граѓаните, посебно на младите, кој е маргинализиран во актуелниот медиумско-политички контекст. Гласот на граѓаните нѝ го претставува артистот Дениз Абдула, а продукцијата е на „Трн.мк“.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK