октомври 23, 2024

Три лица се повредени во сообраќајната несреќа што се случила ноќеска на бул. „АСНОМ“ во Скопје меѓу автобус на ЈСП Скопје и патничко возило. Со тешки телесни повреди се здобила сопатничка во возилото, а со телесни повреди двајцата возачи.

Како што појаснуваат, ноќеска вo 23.50 часот било пријавено дека во Скопје, на крстосница од бул.„АСНОМ“ со сервисна улица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(29) од Скопје, и автобус на ЈСП, управуван од С.Б.(33) од Скопје.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од патничкото возило С.М.(33) од Кочани, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, изјавија од СВР Скопје.

Од ЈСП Скопје за МИА информираа дека во автобусот „Јутонг“ кој сообраќал на линија 3 немало патници, завршил со смена и се повлекувал во гаражата во Автокоманда.

-Полесно повреден бил возачот на автобусот, а потешко повредени биле возачот и совозачот од патничкото моторно возило. Причинета е материјална штета на двете возила. Според увидот и записникот на внатрешната контрола на ЈСП, патничкото моторно возило удрило во автобусот со неприлагодена брзина, велат од ЈСП Скопје.

На крстосницата кај што се случи сообраќајката и изутринава имаше остатоци од оштетените возила, а сообраќајот се одвиваше по една лента.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK