октомври 27, 2024

Општина Дебрца презема обврска да ги покрие погребалните трошоци за настраданата жена во пожарот кој пред два дена во семјната куќа во Требеништа, изгоре Билјана, а успеа да се извлече нејзината сестра Божана Николоска.

Исто така благодарение на четворица млади момци од село Требеништа се поткрена иницијатива и моментално се подготвува привремено живеалите за полесно повредената Божана со цел оваа зима да си има топла одаја и доволно храна, а исто така во план е и да се изгради дом за истата.

Пред два дена пожар ја зафати трошната куќичка, семеен дом на сестрите Божана и Билјана, од село Требеништа која и покрај брзата интервенција на ТППЕ-Охрид целосно изгоре. За несреќата да биде поголема во пожарот животот го загуби Билјана. Сочуство и рај да си најде. Тешко е човек што да каже кога ќе се случи ваква трагедија. Во соработка со Месната заедница и Црковниот одбор од село Требеништа ќе помогнеме околу обезбедување на услови за живот на Божана, вели Ногачески.

The post Општина Дебрца ќе ги покрие погребалните трошоци за настраданата жена во пожарот во село Требеништа-Охрид appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK