октомври 27, 2024

Откако поранешниот министер за одбрана Марио Баножиќ беше експресно разрешен од функцијата, хрватскиот премиер Пленковиќ изјави дека уште од утре ќе започнат консултации за тоа кој ќе го наследи.

СТРАШНИ СЦЕНИ НА СЕВЕР ОД ИЗРАЕЛ: Хезболах истрела проектил кон колона возила, границата затворена, ИД веднаш ги крена авионите (ВИДЕО)
МОЌЕН ГЕНЕРАЛ БАРА ОД ЗАЛУЖНИ ДА СЕ КАНДИРА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ: Марченко јавно му сврте грб на Зеленски СЕ ЗГОЛЕМУВААТ ТЕНЗИИТЕ ВО УКРАИНА
Новороденче почина од сепса на Детската клиника во Скопје
Албанија ќе ја доживее македонската судбина? Грција најавува вето за старт на преговорите
Поранешниот хрватски министер за одбрана не се сеќава на сообраќајната несреќа во која усмрти човек

Полицијата поднесе кривична пријава против поранешниот министер за одбрана на Хрватска, Марио Баножиќ, кој вчера утрината предизвика сообраќајна несреќа во која животот го загуби 40-годишен возач, додека тој самиот се здоби со тешки телесни повреди на мозокот и главата. Се уште не е познато со која брзина се движело возилото на Баножиќ, а се чекаат и податоците за тоа дали во крвта или урината имало алкохол. Тој моментално е на лечење во одделот за интензивна нега во Осиек, во стабилна состојба и надвор од животна опасност, но и понатаму не се сеќава на несреќата.

„Можам да кажам дека ситуацијата е стабилна. Тој е надвор од животна опасност, но и понатаму сме претпазливи поради повредите на вратот и тежината на повредите кои тој ги добил. Новите наоди од утринава не покажуваат никакви знаци на прогресија на повредите. Тој и понатаму не е целосно свесен, со него може да се комуницира, но не е при целосна свест“, изјави началникот на болницата во Осиек, Крунослав Шего.

Неколку часа по несреќата, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ го разреши Баножиќ од функцијата и соопшти дека веќе од утре ќе започнат консултациите за избор на нов министер.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK