Синот на чеченскиот лидер триумфираше во својата дебитантска ММА борба, но тоа беше единственото можно сценарио.
Комичните сцени доаѓаат од светот на ММА, каде деновиве во рингот влезе нов борец. Младиот 16-годишен Али Кадиров, син на озлогласениот чеченски лидер Рамзан Кадиров, го доби својот деби натпревар против не премногу познатиот борец Ислам Акбаров, а начинот на кој го постигна првиот триумф предизвика општа потсмев, каде што беше повеќе од очигледно дека борбата е целосно – наместена.
Кадиров победи со прекин по три минути, но уште на самиот почеток беше јасно дека не е можен друг исход. Кадиров ја презеде иницијативата, а неговиот противник се однесуваше како да не смее да возврати. Она што беше очигледно уште од првата секунда, се потврди во моментот кога судијата го прекина мечот и му ја додели победата на Кадиров.
Прекинот се случи по серијата очигледно слаби и речиси целосно безопасни удари од Кадиров додека Акбаров се обидуваше да се одбрани во лежечка положба. Добар број на удари завршија во блокот, а тие што поминаа не изгледаат многу (на)силни.
Така, синот на големиот чеченски лидер со победа ја започна својата ММА кариера, а во неговиот агол беше Хамзат Чимаев, веќе прославениот борец со шведско државјанство.
„Кутриот Хамзат аплаудира како неговото момче да обезбеди легитимна победа, срамно“, напиша корисникот кој ја сподели ситуацијата на Твитер, пред да напише дека „ако ова не е наместено, не знам што е“.
Следете не, не има насекаде