септември 21, 2024

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на дизелот се намалува за исто толку, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,84 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 77 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 79,5, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 80 денари за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за половина денар по литар и ќе изнесува 78,5 денари. Малопродажната цена, пак, на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,36 денари за килограм и ќе биде 40,593 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 3,395 отсто, кај дизелот има намалување во просек за 1,316, кај екстра лесното масло намалувањето е во просек за 0,914 отсто и кај мазутот зголемување во просек за околу 5,081 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот е зголемен за околу 0,386 отсто.

The post Бензините поскапуваат, дизелот поевтинува appeared first on 24 Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK