септември 21, 2024

– Измамници лажно им нуделе постојано и сигурно вработување во државните Индиски железници на невработени лица, земале пари од жртвите и ги принудиле бесмислено да бројат возови еден месец како дел од „пробната работа“, објавија тамошните медиуми. Секој од 28-те мажи, жртви на измамниците, им платил по околу 2.700 евра за да најдат работа.

Истрагата за тој случај почна лани во ноември, но подробностите се објавени неодамна. 

Луѓето „кандидати“ од јужната индиска сојузна држава Тамил Наду, како дел од „пробната работа“, морале да стојат на различни колосеци на главната железничка станица, осум часа дневно, цел месец, и да ги бројат возовите што минуваат таму. Ним лажно им ветувале вработување како контролори на билети, асистенти или друг вид службеници во државната компанија. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK