Дури три тепачки се случиле на предновогодишна прослава организирана од вработени во СВР Охрид, пишува News1
Како што брифираат високи полициски извори, дел од полицискиот кадар бил на предновогодишна прослава во еден познат угостиелски објект лоциран во приградска населба на Охрид, блиску до аеродромот.
Порталот неофицијално дознава дека инцидентите со физички пресметки помеѓу „видно расположените“ полициски кадри не се пријавени во полиција, но се снимени од надзорните камери на објектот, а детално запознаени со инцидентите се и сите од раководната структура во СВР Охрид.
Тепачките, како што пишува порталот, избиле помеѓу инспектори од компјутерски криминал и инспектори од недозволена трговија.
извор: News1
The post Полициски службеници од Охрид наместо да слават предовогодишно тие се тепале со боксови?! appeared first on Шило Магазин.
Следете не, не има насекаде