септември 21, 2024

 Косово го врати српскиот патријарх Порфириј од административниот премин Мердаре. По рутинска контрола на српската страна на административниот пункт, на косовска страна, автомобилот на патријархот Порфириј и неговите соработници бил одвоен од колоната, а на патниците им било кажано „да чекаат“, јави дописникот на МИА од Белград.

Претходно министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово соопшти дека на патријархот на Српската православна црква (СПЦ) Порфириј не му е забрането да го посети Косово.

Од Косово беше побарано да ги осуди или да се огради од „дејствата на членовите на Црквата кои даваат поддршка на криминалните групи на северот на Косово, кои се сметаат за одговорни за барикадите“, се наведува во соопштението на ова министерство.

Попладнево по четириесет минутното задржување на патријархот Порфириј не му беше дозволен влез на Косово, по што со своите соработници тој се врати во централна Србија, пренесува РТС.

Директорот на српската владина Канцеларија за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, потврди дека на српскиот патријарх Порфириј од страна на Приштина му е забранет влез на Косово.

– Неговата Светост беше физички вратен од преминот Мердаре. Со ова насилството на Курти врз српскиот народ достигна невидени размери, напиша Петковиќ на Твитер.

„Ускратување на правото на поглаварот на Српската православна црква, човекот кој проповеда љубов и мир, да престојува во својот дом во Пеќката патријаршија, каде што се наоѓа вековното седиште на српските патријарси, е злосторство на кое современата цивилизација не била сведок. Албанските зулумќари денеска влегоа во аналите на историјата, нагласи Петковиќ. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK