Пејачката Марија Спасовска го промовираше спотот за најновата песна „Венера“. Таа е автор на песната, аранжманот е на Иван Јованов-Ивајо, а спотот го снимија од продуцентската куќа Urban Records. Марија ни рече дека е презадоволна од сработеното.
Одамна ја имав компинрано оваа песна и го чекав вистинскиот момент за да ја промовирам. Соработував со Ивајо, кој се потруди за финалниот продукт. Планот за следната година ми е да бидам уште повеќе активна, а тоа значи повеќе песни, повеќе видеоспотови“, ни рече Марија која пред три месеци дебатираше на „Макфест“ со песната „Осамен“.
The post Марија Спасовска ја промовира новата песна „Венера“ appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде