септември 21, 2024

Вкусни солени палачинки од компир и шунка, идеални за целото семејство.

Потребни состојки:
1 кг компир
200 г брашно
200 мл млеко
100 мл минерална вода
2 јајца
250 г шунка
2 чешни лук
сол, бибер
магдонос
масло
лажица сув зачин

Начин на подготовка:
Компирот излупете го, па ситно изрендајте и исцедете од течноста. Додадете брашно, млеко и шунка, исечена на ситни коцки. Во смесата додадете ги изматените јајца, малку сол, исечкан магданос, изгмечен лук и сув зачин на крајот додадете минерална вода.
Во загреана тава додадете малку масло и рамномерно, во облик на палачинки, истурете од смесата. Палачинките пржете ги на двете страни, додека не добијат златна боја
Послужете ги со салата по ваш избор.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK