Роберт Левандовски изјави дека воопшто не размислува за наградата „Златната топка“ бидејќи смета дека таа е веќе „резервирана“ за фудбалерот на Пари Сен Жермен, Лионел Меси.
„Веќе ми е јасно кој ќе ја добие најголемата индивидуална награда. Вистина е дека во конкуренција за наградата има уште еден играч на Пари Сен Жермен – Килијан Мбапе, но само еден од нив го освои Светското првенство, а тоа е Меси. Тоа ќе биде одлучувачки фактор, а Меси го постигна она што му е најважно и сега може да ужива во тоа“, изјави Левандовски.
Полскиот напаѓач додаде дека би сакал да го има Аргентинецот за свој соиграч и на тој начин ја разгори фантазијата на навивачите на неговиот клуб кои би сакале тој да се врати во Барселона.
„Не е на мене да одлучам, но секако – гледаме дека сега Меси е повеќе плејмејкер отколку напаѓач. Постигнува помалку голови, но повеќе асистира. Тој стана играч кој секој напаѓач во светот сака да игра со него.“, заклучи Лева.
Следете не, не има насекаде