Дадовме време на КФОР токму затоа што слободата на движење од позицијата на КФОР се смета за основна вредност, рече Курти.
Косовскиот премиер Албин Курти денеска испрати писмо до КФОР и ЕУЛЕКС во кое бара да го известат дали и кога ќе ги преземат барикадите.
Тој изјави дека доколку не планираат такво нешто, Приштина има детален план сама да ги отстрани, објави Косово онлајн.
– ,,Му дадовме време на КФОР токму затоа што слободата на движење од позицијата на КФОР се смета за основна вредност” – рече Курти.
Непосредно пред денешната средба меѓу Курти и претставниците на КФОР и Еулекс, беше објавено дека косовската полиција склучила договор вреден 124.000 евра за изнајмување на „тешка механизација“ од приватна компанија која се занимава со дробење камења, но не е прецизирано за каква цел била користен од полицијата.
Следете не, не има насекаде