септември 21, 2024

Белгиската суперѕвезда на Манчестер сити, Кевин Де Брајне посочи дека норвешкото напаѓачко чудо од дете, Ерлинг Браут Халанд кој незапирливо ги решета мрежите, може лесно да ги надмине Лионел Меси и Кристијано Роналдо по број на голови во кариерата.

Халанд откако дојде во премиерлигашкиот првак има 18 гола во елитното друштво од 24-те во сите натпреварувања, па едноставно е незапирлив и само го продолжува извонредниот тренд од повеќе од гол по меч во просек кој го имаше и во РБ Салцбург и во Борусија Дортмунд.

„Ерлинг е опседнат со голови. Веќе има 200 гола на своето конто, така да може лесно да дојде до 600, 700, 800 гола во кариерата. Само треба да остане во ваква форма и да продолжи напорно да работи, да ги прави работите како и досега“, вели Де Брајне.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK