септември 21, 2024

Денеска во 10 часот во Основниот суд во Тетово треба да продолжи главната расправа од судењето за пожарот во тетовската модуларна болница, што се случи на 8 септември 2021, кога животите ги загубија 14 луѓе, а десетина беа повредени. Судењето почна пред три недели, на 7 декември, откако од септември па до овој месец, почетокот на судскиот процес беше одложуван.

Пред 20 дена до одложување дојде поради несогласување на бранителите на сите обвинети околу презентацијата на доказите од страна на Јавното обвинителство. Тие бараа обвинителот „да ги чита сите докази”, наместо, како што рекоа, „да ги цитира само насловите”. Воедно имаа забелешка дека дел од насловите не се содржани во листата на докази кои Обвинителство ги доставило до Судот.

Претходно на самиот почеток обвинетите, директорите Фљорин Бесими и Артан Етеми, докторот Бобан Вучевски и Клиничка болница Тетово, како правно лице, по прозивката на судијата истакнаа дека го разбираат обвинението, но не признаваат вина и дека не ги сториле делата за кои се товарат.

До судење дојде откако на 27 јули 2022 година Обвинителството поднесе обвинителен предмет до Основниот суд – Тетово. Обвинителството десет месеци водеше истрага во која стручни анализи и вештачења беа направени од МВР, Технолошкиот факултет, електроинженер и експерти и истражители од Сојузната криминалистичка полиција на Германија.

Во октомври 2021 по вештачењето на МВР, Обвинителството информираше дека пожарот во модуларната настанал како последица на запален продолжен кабел, на кој биле приклучени дефибрилатор – апарат за реанимација, полнач за мобилен телефон и уште еден уред

The post Во тетовскиот Основен суд треба да продолжи судењето за пожарот во модуларната болница appeared first on 24 Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK