септември 23, 2024

  Иако и ДУИ и СДСМ ќе настапат со свој кандидат за претседателските избори, сепак се очекува на парламентарните, овие две партии да бидат дел од т.н Европски фронт. Здружувањето во еден таков блок, со евентуално други партии, им дава надеж на овие две партии дека и по 8-ми мај тие ќе го имаат парламентарното мнозинство и дека ќе продолжат да владеат. Но, кој може, а кој не може да биде дел од овој Европски фронт. Вратата ќе биде отворена за сите партии, невладини организации, здруженија кои ја делат визијата со овие две партии, а тоа е продолжување на европскиот пат до полноправно членство во ЕУ. Нема место за оние кои се за други алтернативи.

„Секако дека не може да бидат парти кои што се за некакви алтернативни решенија, а не за членство во ЕУ. Бидејќи гледајте, во Северна Македонија имаме два концепти. Едниот е за Европска Македонија и другиот е за изолација. Вие имате претседатели на политички партии кои велат дека 100 години нема да влеземе во ЕУ, ако треба и никогаш. Имате политичка партија чиј што претседателски кандидат вели дека треба да се поништи нашето членство во НАТО, да се одржуваат поблиски односи со Кина, отколку со ЕУ“, порача Димитар Ковачевски.

Иако СДСМ е партијата на власт која што има најмногу пратеници во Собранието и која според Законот за техничка влада требаше да има технички премиер, сепак на оваа функција стапи Талат Џафери. Опозицијата постојано критикуваше дека Ковачевски и СДСМ ја препуштиле власта на ДУИ и практично оваа партија, а не СДСМ владее во државата. Ковачевски, со одоговор:
„Погледнете го бројот на министри на ДУИ во владата која што јас сум ја предводел, погледнете го бројот на минситри на ДУИ во владата која што ја предводел ВМРО-ДПМНЕ во тек на 11 години. Исти е бројот. Проблемот е што, ВМРО-ДПМНЕ сака сите Албанци да ги претстави како ДУИ, што не е точно. Министерот за здравство, за информатичко општество, претходно министерот без ресор за односи со дијаспората, тие не беа од ДУИ“, вели Димитар Ковачевски.

Ковачевски во интервјуто за МИА порача дека очекува фер и демократски избори, а со оглед на тоа дека има безбедносен сертификат, како поранешен премиер, имал информации дека одредени структури почнале со ширење на лажни вести и дезинформации. Сепак, порачува дека верува на иституциите дека можат да се справат со ова и дека во април и мај ќе имаме демократски претседателски и парламентарни избори.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK