декември 28, 2024

Динамо Загреб во драмтичен натпревар, во дербито на колот ја победи Риека со гол од пенал во 95.минута.

По натпреварот, како што пишува порталот „gol.hr“, на стадионот „Максимир“ се случи инцидент. Навивачите на Риека на национална основа го навредувале македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми.

Според овој извор, додека минувал низ микс-зоната, навивачи на гостинскиот тим го фрлиле стол кон кон капитенот на Динамо, а потоа го пцуеле. Заедно со Адеми биле сопругата и синот.

„По завршувањето на обврските во микс зоната, Адеми минуваше под трибината со сопругата и синот, набргу го забележаа навивачите на Риека и почнаа да го навредуваат на национална основа, а потоа фрлија стол кон Адеми и неговото семејство“, објави порталот „gol.hr“.

„Да ти ја е..м мајката ш…….а“, се слушаше од јужната трибина каде беа сместени навивачите на Риека. Полицијата ја смири ситуацијата, а Адеми и неговото семејство имаа среќа што минаа без повреди, се наведува и во текстот.

Аријан Адеми (32) е легенда на Динамо Загреб. Во Динамо дојде од родниот Шибеник во 2010 година и остана 13 години, потоа се пресели во Кина (Пекинг Гуан), но по шест месеци се врати во Динамо. Тој игра како дефанзивен играч за врска, освои дури 12 титули во хрватското првенство и одигра дури 380 натпревари за Динамо.

The post Навивачите на Риека на национална основа го навредувале Адеми appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK