септември 20, 2024

Фудбалерите на Милан и Аталанта ремизираа 1:1 во дерби натпреварот од 26. коло на италијанската Серија А на Сан Сиро.

Идеално започна натпреварот за Милан. Се играше третата минута кога Рафаел Леао помина по левата страна покрај двајца дефанзивци и ја испрати топката под гредата од голот на Аталанта.

Аталанта можеше да израмни по десет минути, но Емил Холм пропушти голема шанса.

Во 42. минута Жиру лошо реагираше во својот шеснаесетник и го фаулираше Холм, а судијата Даниеле Орсато покажа на „белата точка“ откако го погледна видеото од ВАР. Пеналот го реализираше Копмајнерс.

Во вториот дел Милан беше подобар ривал, но „росонерите, шанси пропуштија Калабрија, Пулишиќ, Лофтус-Чик и Жиру, па резултатото пстана 1:1.

Милан со овој кикс дефинитивно испадна од шампионската трка. Градскиот рувал Интер со натпревар помалку има 13 поени повеќе.

The post Аталанта освои бод на „Сан Сиро“ против Милан appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK