септември 19, 2024

Со одигрувањето на вечерашното дерби помеѓу Пелистер и МЗТ Скопје, кое заврши со триумф на гостинската екипа за зацементирање на првата позиција на табелата, заврши првиот дел од регуларниот дел од првенството, кое е пак важно поради одредување на осумте екипи кои ќе настапат во завршницата од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“.

Изедначеноста на сите досегашни средби донесе многу егал-ситуации на табелата, речиси буквално за секоја позиција, поради што комесарот за натпреварување, Александар Милојевиќ, ќе мора со „шублер“ да премерува за да го одреди пласманот, а со тоа и осминафиналните двојки. Единствен што не ја дели позицијата е тимот на МЗТ, додека буквално до последните место има пет ситуации на делба на позции на табелата, од кои четири со по два тима и една со три.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK