септември 19, 2024

Објавено е видео со фотографии од повредата заработена од носителот на Златната топка.

Случајот со Карим Бензема доби нов пресврт. Гордиот сопственик на Златната топка се повреди пред почетокот на Светското првенство во Катар и селекторот Дидие Дешам го испрати дома, но се покажа дека повредата не е од таква природа што напаѓачот на Реал Мадрид не може да игра на турнирот.

Бензема брзо се опорави од повредата, дури одигра и пријателски натпревар за Реал, а можеше да се врати во финалето со Аргентина. Сепак, конфликтот со селекторот беше од такви размери што немаше услови за враќање. Бензема набрзо на социјалните мрежи објави дека се збогува со репрезентацијата…

Што навистина се случи во Катар? Бензема чувствуваше дека неговата повреда е од полесна природа и сметаше дека не требаше да биде испратен дома со оглед на тоа што лекувањето во кампот на Реал траеше само три дена. Сакаше да остане во репрезентацијата, но Дешам го одалечи од тимот.

Агентот на Бензема, Карим Џазири, додаде нови елементи на оваа чудна приказна, а на Твитер го објави доказот дека напаѓачот може да биде подготвен за осминафиналето и дека не требало да биде отстранет од националниот тим.

Тој објави видео со фотографии од повредата на Бензема и нагласи:

„Тоа го ставив таму, но претходно консултирав тројца специјалисти кои ја потврдија дијагнозата дека Бензема може да биде подготвен од осминафиналето, барем да биде на клупата! Зошто толку брзо побаравте да си замине?”, напиша Џазири.

Je pose ça là mais avant ça j’ai consulté 3 spécialistes qui confirment le diagnostic que @Benzema aurait pu être apte à partir des 1/8 éme pour au moins être sur le banc ! Pourquoi lui avoir demandé de partir si vite ? pic.twitter.com/wtOHhDeDVW

— Karim Djaziri (@KDjaziri) December 26, 2022

Шпанска Марка претходно објави дека Бензема би можел да биде подготвен за елиминацискиот дел од турнирот во Катар, со оглед дека му требаат три недели да се опорави од повредата што ја заработи на 19 ноември. На 4 декември, на денот на натпреварот против Полска во осминафиналето, закрепнатиот напаѓач на Реал замина на одмор на островот Реунион. Дешам тој ден дефинитивно одлучи дека нема да го врати во репрезентацијата.

Друг шпански спортски дневен весник Ас, претходно напиша дека Антоан Гризман чувствувал дека премногу внимание на социјалните мрежи е насочено кон Бензема наместо него. Она што им го истакна на лидерите на алијансата на итниот состанок…

Инаку, Бензема повеќе не ги следи на Инстаграм повеќето поранешни соиграчи од репрезентацијата. Покрај Гризман отпаднаа и Оливие Жиру и капитенот Уго Лорис. Едуардо Камавинга, Аурелиен Чоамени, Килијан Мбапе, Рафаел Варан и Маркус Турам остануваат на неговата листа со следбеници.

Во меѓувреме протече и видео од не толку топлиот пречек на Бензема при неговото враќање во националниот тим минатата година. Дешам одржа говор, а Лорис сето тоа го гледаше со многу „кисел“ израз на лицето.

„Го вложив трудот и грешките кои беа неопходни за да бидам таму каде што сум денес и горд сум на тоа! Ја напишав мојата приказна и нашата завршува“, изјави Бензема на Инстаграм минатата недела.

Покрај тоа, тој ја одби и понудата на францускиот претседател Емануел Макрон да патува со својот приватен авион до финалето на Светското првенство, во кое Франција загуби од Аргентина на пенали.

Така ја заврши репрезентативната кариера со 37 гола на 97 настапи, а го освои првиот и единствен трофеј во Лигата на нации. Се очекуваше да биде важна алка за Триколорите во Катар, но се појави повреда која беше причина за сосема неочекуван расплет на оваа сага…

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK