септември 19, 2024

Познатиот месар и готвач навистина претера во Катар, а што само му направи на Мухамед Салах во Киев…

Целиот фудбалски свет конечно се сврте против Нусрет Гокче, познатиот готвач и месар кој по финалето на Светското првенство во Катар ги бркаше репрезентативците на Аргентина низ теренот и побара да се слика со нив. Го зеде трофејот наменет за победникот на Светското првенство, го влечеше и малтретираше Лионел Меси, а ова не е првпат да се однесува на ваков груб и непромислен начин.

По финалето на Лигата на шампионите 2018 во Киев, беше уште полошо! Тогаш Реал Мадрид го освои пехарот победувајќи го Ливерпул со 3:1, а мечот остана запаметен и по стартот на Серхио Рамос кој му ја скрши раката на Мухамед Салах.

По само половина час игра, Адам Лалана мораше да го замени најдобриот играч на Ливерпул, што избраниците на Јирген Клоп не беа во можност да надоместат до крајот на натпреварот. Сите видовме колку беше вознемирен Салах бидејќи не можеше да биде на теренот повеќе од 30 минути во мечот на кариерата… Сите освен Нусрет Гокче кој го фатил во ходникот до соблекувалната и горделив се сликал со него!

Човекот познат по прекарот „Солт Бае“ им пријде на разни играчи во Катар, се сликаше со нив, но барем не ги малтретираше Французите кои загубија. Сега тие се свртеа против него, Гери Линекер рече дека е „вистински насилник“.

Нусрет Гокче работи во луксузен ресторан каде доаѓаат познати личности и поради начинот на кој става зачини и сече месо пред гостите стана познат. Сепак, славата му удрила во глава, па се турка таму каде што не му е местото…

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK