септември 20, 2024

Шпанија го објави третиот пакет мерки за поддршка на граѓаните вреден десет милијарди евра, за ублажување на влијанието на инфлацијата, со што вкупната државна помош од почетокот на годината достигна 45 милијарди евра.

Шпанија, како и другите европски земји, се бори против инфлацијата и кризата дополнително влошена поради влијанието на војната во Украина врз цените на енергенсите.

„Пакетот вклучува еднократен бонус од 200 евра за околу 4,2 милиони домаќинства со годишен приход до 27 илјади евра и продолжување на даночните кредити за сметките за енергија во првата половина на следната година”, рече премиерот Педро Санчез на новинарите.

Пакетот помош е третиот по ред по сличните мерки од март и јуни, кои вклучуваа директна помош, даночни намалувања, поволни заеми и контрола на станбените трошоци.

Тие мерки, заедно со договорот што Шпанија го потпиша со Европската унија (ЕУ) за ограничување на цената на гасот за производство на електрична енергија, постигнаа одреден успех.

Инфлацијата во Шпанија минатиот месец се задржа на 6,7 отсто на годишно ниво, што е најниска стапка во рамки на ЕУ.

Забавувањето на инфлацијата беше поддржано од остриот пад на цената на струјата, која во ноември поевтини за 22,4 отсто во однос на претходната година.

Сепак, цените на храната кои се зголемија за 15 отсто во текот на октомври и ноември во споредба со претходната година, продолжуваат да вршат притисок врз семејните буџети на Шпанците. 

The post Шпанија објави трет пакет мерки за поддршка на граѓаните appeared first on 24 Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK