септември 20, 2024

Крајната цел на Турција е што поскоро да прогласи енергетска независност од нафта и природен гас од странство, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган во понеделникот објави дека во Црното Море се откриени дополнителни 58 милијарди кубни метри природен гас.

„Нашиот брод за дупчење Фатих откри 58 милијарди кубни метри резерви природен гас, 3.023 метри под морето, во блокот Кајкума 1“, рече Ердоган по состанокот на владата во претседателскиот комплекс во Анкара.

Наведувајќи дека турските резерви на природен гас во Црното Море изнесуваат 710 милијарди кубни метри со пазарна вредност од еден трилион долари, Ердоган рече дека крајната цел на Турција е што поскоро да прогласи енергетска независност од странска нафта и природен гас.

„Нашето ново истражување ќе го отвори патот за слични истражувања во други геолошки полиња во соседството на регионот. Ќе започнеме ново дупчење што е можно поскоро“, додаде Ердоган.

Говорејќи за борбата против тероризмот, Ердоган најави дека Турција „ќе ги затвори празнините во безбедносната зона долга 30 километри и ќе преземе нови чекори за целосно отстранување на заканите што терористичките групи во Сирија ги претставуваат за Турција“.

„Ќе влеземе во нова фаза од борбата која ќе ја уништи целата инфраструктура и ресурси на терористичката група (ПКК и ЈПГ/ПКК, оп.а.), од која ја добива својата сила, како и нејзините вооружени капацитети. истакна турскиот претседател.

ПКК и нејзиниот сириски огранок ЈПГ/ПКК користеа терористички бази преку турската граница во северен Ирак и северна Сирија за планирање и извршување напади врз Турција. По должината на сириската граница, групата работеше на создавање терористички коридор, заканувајќи се и на сириските локални жители и на турските жители.

Во својата повеќе од 35-годишна кампања на терор против Турција, ПКК, која е наведена како терористичка организација од Турција, Соединетите Американски Држави и Европската Унија, е одговорна за смртта на повеќе од 40.000 луѓе. вклучувајќи жени, деца и стари лица.

Од 2016 година, Анкара спроведе три успешни големи антитерористички операции во северна Сирија за да спречи формирање на терористички коридор и да овозможи мирно населување на жителите: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019). Турските власти навестија дека претстои уште една таква операција.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK