септември 19, 2024

Студиите бараат жртвување, непроспиени ноќи и многу часови поминати во читалница за да се стигне до целта, а наградите се дополнителен мотив да се стигне до целта. Ова е рецепт за успехот на Зехра Ебиби, која беше прогласена за најдобар студент на генерацијата на Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

На последното промовирање на дипломираните студенти во текот на 2022 година беа промовирани математичари, инженери по математичка економија, инженер по математичко програмирање, шест дипломирани професори по математика и еден дипломиран професор по математика-физика во основно образование. За најдобар студент беше прогласена Зехра Ебиби, која ги заврши студиите по теориска математика за четири години и пет дена со среден успех 9,58.

– Да бидам избрана за најдобар студент на генерацијата на Институтот за математика на Природно-математичкиот факултет во Скопје ми беше голема чест, особено многу брзо по дипломирањето. По четири години многу тешка работа, оваа награда беше како шлаг на тортата. За мене, наградата е многу важна затоа што на некој начин е оценет мојот труд и макотрпната работа во текот на моите четиригодишни студии, но истовремено е поттик и мотив за патот напред, поточно за идните студии. Тоа докажува дека во нашата земја се вреднува трудот, иако често го мислиме спротивното – се првите импресии на Зехра Ебиби.

За повеќе детали Факултети.Мк

The post Зехра Ебиби од Гостивар најдобар студент по математика со просек 9,58 appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK