ноември 24, 2024

Шест студенти сместени во домот „Пелагонија“ се затруле со храна и завршиле на Инфективна клиника каде што им била дадена медицинска помош.

Лидерот на Студентски отпор, Кристијан Димков за „А1он“ откри дека студентите вчера јаделе оброк со расипани јајца.

– Страшно е што треба студентите да се плашат да влезат во кујна, а родителите да ги мислат своите деца дали ќе добијат или не здрава храна. Денес до нас пристигна информација за труење од храна во студентскиот дом Пелагонија во Скопје. Навистина сме згрозени сме од фактот што во моментот многу студенти се жалат и се завршени на инфективните клиники. Го осудувам игнорантниот однос на власта кон студентите и ваквите нехумани услови во кои студентите престојуваат – рече Димков.

Тој јавно прашува дали вакви студентски оброци ветуваше Владата или ги гледаше студентите само како пропаганден материјал за користење каков што беше ручекот на премиерот Димитар Ковачевски со студентите.

The post Шест студенти од „Пелагонија“ се затруле со расипани јајца appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK