Агенцијата за млади и спорт, традиционално на крајот на годината ги прогласува најуспешните македонски спортисти. Меѓу наградените е и охридскиот херој Марко Пејчиновски за подвигот кој го направи годинава со десет препливувања на Охридско Езеро.
Летната авантура на Марко, како што тој ја нарекува, започна со препливување на 14 километри долгата патека од Радожда до Охрид. Во јули се одржаа четири препливувања и уште три во август. Помеѓу 27-ми и 28-ми август годинава, тој пливаше патека со должина од 63,84 километри од Охридското пристаниште до Струга, па до Свети Наум и назад до пристаништето во Охрид за време од 21 час и 41 минута со две застанувања од вкупно 9 минути и 46 секунди.
Светската асоцијација за пливање на отворени води (WOWSA) во ноември и официјално ги верификува сите 10 препливувања на Марко, во вкупна должина од 250.27 километри, нешто што досега не го постигнал ниту еден пливач.
Училиштето пак, Нико Нестор од Струга ја доби наградата за Најуспешен клуб од средните училишта.
Извор ТВМ
The post Охридскиот херој Марко Пејчиновски ја доби наградата за Спортски подвиг на годината appeared first on Шило Магазин.
Следете не, не има насекаде