ноември 24, 2024

За оние кои не трошат многу, струјата поевтинува. Оние што се луксузираат од 1 јануари ќе плаќаат поскапо. Вака одлучи Регулаторната комисија за новата цена на електричната енергија, која ќе важи во следните шест месеци. Првиот и вториот тарифен блок поевтинуваат за 4,11, односно 2,9 проценти. Според проценките, тука е преку 99 отсто од населението.

ЦЕНА НА СТРУЈАТА: Никој не може да разбере како навистина ќе биде на 1 јануари

Поевтинувањето се должи на намалените цени за пренос и дистрибуција, кои се за преку 20 проценти пониски од досегашните. Сепак, кога на ова ќе се додаде зголемувањето на ДДВ од 5 на 10 проценти, крајната сума која ја плаќаа домаќинствата во првите два блока ќе остане иста. Струјата поскапува за оние кои со потрошувачката влегуваат во последните два блока.

Кај третиот зголемувањето е минимално и изнесува неполн 1 процент. Најголемо поскапување има кај четвртиот блок, чија цена се зголемува за 7,65 отсто.

Најголем бенефит ќе имаат малите компании, кои добија и најголемо поевтинување за нешто над 20 проценти.

Бислимовски вели дека со намалувањето на цената за пренос и дистрибуција им се помага и на големите компании, за кои овој трошок е огромен. Кај домаќинствата и малите фирми, пак, тој повеќе нема да биде повисок од потрошената струја.

Цената на евтината тарифа речиси останува иста. Регулаторна реши да ја зголеми за незначителни 0,01 денар за киловат. Одлуката за новите цени Регулаторот ја донел откако само делумно ги прифатил барањата на енергетските компании.

Киловат час кој државните електрани го продаваат на ЕВН Хоум за 58 евра, реално чини 98. Разликата се субвенционира од буџетот. Овие одлуки Регулаторна ги донела охрабрена од стабилниот енергетски сектор и зголеменото домашно производство.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK