ноември 24, 2024

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, на возраст од 36 и 34 години, за кои постои основано сомневање дека како соизвршители сториле кривично дело – Изнуда од член 258 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Станува збор за Д.З.(36) од с.Елово, скопско и Р.А.(34) од Скопје.

Двајцата осомничени заедно, со употреба на сила и сериозна закана, поради наводен долг и нерасчистени должничко-доверителски односи, од од 41-годишно лице од Крушево, одзеле автомобил „БМВ“ и апарат за испитување на подземни води, во вкупна вредност од околу 17.500 евра. Потоа му барале 6.000, а подоцна и 12.000 евра за да му го вратат одземеното. На 27 декември се сретнале со оштетениот во угостителски објект во трговски центар на ул.„Васил Ѓоргов” за да им ги предаде парите. Банкнотите претходно биле криминалистички обработени, а полициски службеници веднаш ги лишиле од слобода двајцата осомничени.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени, оценувајќи дека постои опасност да се дадат во бегство, да влијаат врз сведоците или да го повторат делото.​

The post Рекетари фатени живи со обележани пари во кафуле во Капиштец, барале 12.000 евра од крушевчанец appeared first on 24 Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK