ноември 24, 2024

Радост и среќа во домот на еден од најважните функционери на ДУИ чија жена од нова година ќе зема висока државна плата а стотици граѓани од владата не можат да ги добијат лековите без кои не можат да живеат и можат да умрат.

Улка Каба Бектеши сопруга на министерот за економија од ДУИ Крешник Бектеши се вработила во владина институција, тврдат владини извори за expres.mk кои овој случај на непотизам го приложуваат како доказ за погрешното владеење на крилото на Груби и Османи во ДУИ и владата.

Ако министерот Бектеши тврди дека економијата е во добар правец и расте логично ќе беше неговата сопруга да се вработи во приватниот сектор затоа што вака тој испраќа порака дека знае дека приватниот бизнис е пред колапс па ја сместува сопругата на државни јасли, вели изворот на expres.mk кој не се согласува со ваква злоупотреба на власта.

Вработувањето на Улка Каба Бектеши се случува на два дена пред нова година со цел во предновогодишната атмосфера да се скрие скандалот во кој сопругата на министерот за економија добива државна плата затоа што не може да најде работа во реалната економија за која Бектеши вели дека цвета.

Пред околу две години и сестрата на Бектеши се вработи во државна фирма но тогаш министерот тврдеше дека тој не интервенирал.

Дали сега и тој ќе тврди дека не знаел за вработувањето на својата сопруга и ќе тргне по умот на премиерот Ковачевски кој тврди дека не знаел дека неговата сопруга инвестирала во фотоволтаици.

На потег е вицепремиерката Славица Грковска да каже дали вработување на сопруга на министер во владина институција е добро владеење.

Според нејзиниот молк за досегашните прекршувања на етичкиот кодекс на владата од страна на функционери на ДУИ таа нема да има храброст да поведе постапка против мочниот Бектеши како што молчеше и за Груби и Буши кога со владини возила отидоа на партиски состанок на ДУИ.
Извор Експрес.Мк

The post Среќа и радост во домот на министерот Бектеши-Сопругата се вработила во владина институција appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK