ноември 24, 2024

Србија, се разбира, е суверена земја и апсолутно е погрешно да се бара некакво деструктивно руско влијание тука, рече Песков.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков ги отфрли како неточни изјавите од Приштина за дестабилизирачката улога на Русија и додаде дека Србија е суверена земја и како таква има право да ги брани правата на Србите кои живеат на Косово.

-,,Србија секако е суверена земја и апсолутно е погрешно овде да се бара некакво деструктивно влијание на Русија. Србија ги брани правата на Србите кои живеат во вакви тешки услови и секако, силно реагира кога тие права се прекршени – рече Песков одговарајќи на новинарско прашање да ги коментира изјавите на министерот за внатрешни работи на Косово, Жељај Свечља.

Свечља неодамна изјави дека Србија, под руско влијание, има намера да го дестабилизира Косово со поддршка на Србите кои живеат таму, пренесува Интерфакс.

Според него, Москва многу внимателно следи што се случува и како се обезбедуваат правата на Србите и додава дека Русија има блиски сојузнички односи со Србија, и по историски, духовен и друг карактер.

Свечља вчера ја обвини Србија дека под влијание на Русија ја подигнала состојбата на борбена готовност и наредила да се постават нови барикади со цел, како што тврди, да се заштитат „криминалните групи“.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK