– Претседателот на Јужна Кореја, Јун Сук-јул денеска изјави дека на секоја провокација од Северна Кореја мора да се одговори со еднаква сила.
Тој коментирајќи го упадот на пет севернокорејски беспилотни летала во воздушниот простор на Јужна Кореја наведе дека „не треба да се плашиме поради тоа што Северна Кореја има нуклеарно оружје“.
– Мораме да возвратиме и да ја казниме секоја провокација од Северна Кореја. Тоа е најмоќната алатка за сузбивање на провокациите, посочи Јун.
Јужна Кореја претходно соопшти дека планира да потроши 560 милијарди вони (над 400 милиони долари) во следните пет години за да ги зајакне своите одбранбени капацитети против севернокорејски беспилотни летала и да се спротивстави на севернокорејските нуклеарни и ракетни закани, така што ќе набави повеќе стелт авиони, подморници со балистички ракети и да го забрза развојот на систем за пресретнување на артилериски ракети.
Следете не, не има насекаде