ноември 24, 2024

– Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го укина условот за старосна граница за пензионирање, што ќе им овозможи на повеќе од два милиони работници веднаш да се пензионираат.

Одлуката е донесена на помалку од шест месеци пред изборите во Турција.

Старосната граница за пензионирање претходно беше 58 години за жени и 60 за мажи. Сега е нејасно колку ќе ја чини турската држава новиот систем. Но, Ердоган рече дека 2,25 милиони луѓе имаат право веднаш да се пензионираат. Во моментов во Турција има 13,9 милиони пензионери.

Владејачката Партија на правдата и развојот на Ердоган минатата недела ја зголеми минималната плата во земјата, како дел од кампањата за враќање на поддршката кај гласачите погодени од високата инфлација, падот на турската лира и падот на животниот стандард.

Клучните избори за Ердоган ќе се одржат во јуни следната година. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK