ноември 24, 2024
Францускиот министер за одбрана Себастиен Лекорни денеска за време на неговата посета на Киев вети продолжување на воената поддршка за Украина.

Тој изјави дека поддршката на неговата влада е непрекината и дека таа вложува напори да дојде до евентуални преговори со Москва за ставање крај на руската инвазија.

Лекорни рече дека неговата посета на Киев е важна за да се идентификуваат приоритетите на украинското Министерство за одбрана.

– Франција ќе испрати 200 милиони евра со кои Украина би можела да купи оружје, рече Лекорни.

Тој  го посети Киев по патувањето во Полска, каде вчера објави договор за продажба на два воени сателити од француско производство на Полска.

Лекорни рече дека Франција ѝ ја дава воената опрема на француската армија на украинската армија, но посочи дека тоа нема да ја ослабне одбраната на Франција.

По пристигнувањето во Киев, Лекорни положи венец на споменикот на хероите, оддавајќи им почит на Украинците кои загинаа бранејќи ја својата земја од руските сили.

Предвидено е Лекорни да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и со министерот за одбрана Олексеј Резников и со воени претставници.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK