ноември 24, 2024

Претседателот на турскиот парламент Мустафа Шентоп објави дека го номинирал турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за Нобеловата награда за мир за неговите напори за решавање на кризата во Украина.

Турција го номинира Ердоган за Нобеловата награда за мир: „За напорите за решавање на кризата во Украина“

Го номинирав претседателот Ердоган за Нобеловата награда за мир поради неговите напори да воспостави мир меѓу Русија и Украина, изјави Сентоп за весникот Стар.

Од почетокот на војната во Украина, Турција постојано учествуваше како посредник меѓу Русија и Украина.

Со посредство на Турција и ОН, на 22 јули беше склучен договор за извоз на земјоделски производи од Украина, Црноморската иницијатива за жито, која на 17 ноември беше продолжена за 120 дена.

Договорот помогна да се избегне глобална прехранбена криза со тоа што дозволи извоз на храна и ѓубрива од неколку црноморски пристаништа во Украина блокирани од Русија.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK