ноември 24, 2024

– Турскиот, рускиот и сирискиот министер за одбрана, Хулуси Акар, Сергеј Шојгу и Али Махмуд Абас денеска одржаа состанок во Москва на кој се договорија да продолжат со трилатералните средби за да се обезбеди стабилност во Сирија и поширокиот регион.

Турското Министерство за одбрана соопшти дека на состанокот, одржан во „конструктивна атмосфера“, беше договорено да се продолжи „форматот на трилатерални состаноци за обезбедување и одржување на стабилноста во Сирија и регионот во целина“. Разговарано е за „сириската криза, бегалското прашање и заедничките напори за борба против сите терористички групи во Сирија“.

Според агенцијата Анадолија, покрај министрите, на состанокот учествуваа и шефовите на разузнавачките служби на трите земји. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK