ноември 24, 2024

– Повеќе од 250 мигранти од алжирскиот брег пристигнаа на Балеарските острови од 25 декември до денеска, соопштија властите на шпанскиот архипелаг, опишувајќи го како „значителен“ бројот на нови мигранти.

– Од Божиќ имаме зголемување на бројот на мигранти кои илегално доаѓаат на нашите брегови, поточно 251 лице, што е значителна бројка, но не и најголема во годината, изјави претставничката на шпанската Влада на овој медитерански архипелаг, Аина Калво.

Само денеска најмалку 136 мигранти пристигнале на Балеарските острови, кои се наоѓаат на повеќе од 250 километри од алжирскиот брег.

Најголем дел од мигрантите дошле од Магреб, а останатите од субсахарска Африка, се наведува во соопштението на префектурата. Во последната група имало 24 малолетни лица.

Калво изјави дека во 2022 година, до денес, на архипелагот нелегално пристигнале околу 2.600 луѓе, во споредба со 2.400 во 2021 година.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK