октомври 3, 2024

Домашни кифлички кои се погодни за секакви пригоди

Состојки:
Брашно(1 Килограм)
Млеко(500 Милилитри)
Масло(150 Милилитри)
Сол(2 Супени лажици)
Шеќер(6 Супени лажици)
Јајце(3 )
Квасец(1 )
Путер(150 Грама)
Сусам(100 Грама)

Подготовка:
За овој рецепт се потребни помалку од 70 минути
Квасецот измешајте го во малку загреано млеко за да стаса.
Потоа измешајте ги брашното, солта, печивото и додајте го стасаниот квасец.
Додајте ги и белките, маслото и остатокот од млекото и замесете меко тесто. Оставете го тестото да стасува околу половина час.

Потоа размесете го тестото и поделете го на мали топчиња.
Секое топче расукајте го во кора, исечете ја на триаголници и виткајте кифли. По желба може да правите други форми или да ставите фил од сирење, кашкавал, пица-фил…

Премачкајте ги кифлите со жолчка, посипете ги со сусам или со ленено семе, може и со мешавина од семки, па врз нив изрендајте го путерот.
Печете ги во загреана рерна на 200-220 степени додека да добијат убава румена боја.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK