октомври 3, 2024

Според календарот на МПЦ денес се празнува Свети Пророк Агеј.

Свети пророк Агеј е еден од т.н. 12 мали старозаветни пророци. Една негова книга е зачувана во канонот на Стариот завет. Се роди во шестиот век пред Христа, при крајот на вавилонското ропство на Евреите. Го доживеа и нивното враќање во Јудеја.
Преку овој пророк Господ ги охрабруваше Евреите во изградбата на разурнатиот ерусалимски храм, објавувајќи им дека тој ќе биде пославен од првиот, зашто во него ќе се појави царот на светот, спасителот на сите народи. Ѕидањето на Соломоновиот храм го охрабрило еврејскиот народ и му дало поттик за ослободување од ро пството.

Според преданието празникот на Агеј е добар ден за гатање и прорекување на судбината – било со читање од дланка, гледање во грав, кафе или карти.
Исто така се верува дека помошта ќе им дојде на сите кои искрено и од душа му се молат на овој свет Пророк: „Пророкот твор Агеј, во спомен на Господа го славиме, затоа те молиме, спаси ги нашите души!“

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK