ноември 24, 2024

Пејачите Наум Петрески и Зуица Лазова, по 16 години заеднички живот кој го крунисаа со две деца, решија да ја крунисаат и нивната љубов пред Бог и најсаканите. Пејачите долги години успешно опстојуваат на музичката сцена, а љубовта кон убавата народна песна ги споила нивните срца.

 

Наум и Зуица без голема помпа и во кругот на семејството и најблиските пријатели тајно склучиле граѓански брак, а потоа решиле да се заколнат на вечна љубов во еден од најубавите манастири во нашата земја –  Св. Наум во Охрид, пишува MMS.mk.

 

 

 

 

 

 

 

 

Зуица на црковната вечкавка облекла бел фустан со интересен дезен, а Наум сив костум во комбинација со црна кошула.

Пејачите се родители на ќерката Македонка и синот Стефан кои тргнаа по нивните стапки, одбирајќи ја музиката како нивна пасија и љубов. Од претходниот брак пејачот ги има ќерките Анастасија и Сања.

Фото: ММС

The post | По 16 години заеднички живот: Тајно се венчаа Зуица Лазова и Наум Петрески appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK