Пливачот Марко Пејчиновски ја доби наградата за спортски подвиг на годината што традиционално ја доделува Агенцијата за млади и спорт. Тој ја освои наградата за подвигот што го направи летово, кога преплива 250 километри во Охридско Езеро во десет препливувања.
Првото препливување почна во јуни, на патеката долга 14 километри од Радожда до Охрид. Во јули имаше четири препливувања и уште три во август. Помеѓу 27 и 28 август годинава, тој пливаше патека со должина од 63,84 километри од Охридското пристаниште до Струга, па до Свети Наум и назад до пристаништето во Охрид. Делницата ја преплива за скоро 22 часа и во цело тоа време имаше само две застанувања од неполни 10 минути.
Светската асоцијација за пливање на отворени води (WOWSA) во ноември официјално ги верификува сите десет препливувања на Марко, во вкупна должина од 250.27 километри, нешто што досега не го постигнал ниту еден пливач.
Во интервју за „Репортер“, Марко кажа дека напорно вежбал за да ја постигне зацртаната цел и дека не очекувал а пристаништето во Охрид да го пречекаат стотици луѓе што ќе сакаат да се сликаат со него и да му честитаат.
The post Марко Пејчиновски доби награда за спортски подвиг на годината appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде