Ерлинг Халанд синоќа повторно имаше свое шоу, постигна два гола за Манчестер Сити во победата над Лидс Јунајтед на гостувањето на Иланд Роуд.
Норвежанецот продолжува немилосрдно да ги полни противничките мрежи, а со тоа и секој натпревар успева да сруши по некој рекорд во првенството.
Ерлинг Халанд успеа во 14 натпревар сезонава да го постигне својот 20-ти погодок, рекорд кој некогаш го држеѓе Кевин Филипс.
Легендарниот напаѓач на Сандерленд за таков подвиг, му беа потребни седум натпревари повеќе од Халанд, а овој рекорд тој го држеше полни 23 години, од сезоната 1999/2000.
За 20 голови во оваа конкуренција циркулираат уште неколку големи имиња, Фернандо Торес првите 20 гола во лигата ги постигна на 27 натпревари, на Ширер му беа потребни 29 натпревари, на Агуеро 30 натпревари, на Анри 34, додека на Хари Кејн дури 40 натпревари.
Следете не, не има насекаде