Индија планира да се кандидира за домаќин на Олимписките игри 2036 година, а својата кандидатура официјално ќе ја поднесе на следното заседание на Меѓунапрдниот олимписки комитет (МОК), што треба да се одржи во Мумбај кон крајот на идната година, најави денеска индискиот министер за спорт Анураг Такур.
Тој во изјава за весникот „Тајмс оф Индија“ рече дека „сега е вистинското време“ неговата земја да се кандидира за организација на најголемиот светски спортски настан.
Такур најави дека Индија би можела да биде кандидат со градот Ахмедабад, во Гуџарат, родната држава на премиерот Нарендра Моди, во која се наоѓа најголемиот стадион во светот, изграден во 2020 година. Стадионот, кој го носи името на индискиот премиер, има капацитет од 132.000 седишта.
Владата на Моди настојува од Индија да направи глобална спортска сила и вложи многу пари во националната инфраструктура.
МОК им ја додели организацијата на следните три Летни олимписки игри на Париз (2024), Лос Анџелес (2028) и Бризбејн (2032).
Следете не, не има насекаде