ноември 23, 2024

Истражување на еден сајт за запознавање откри со кои жени мажите најчесто си ги изневеруваат сопругите.

Недостигот на страст е една од најчестите причини поради која мажите се одлучуваат да ги изневерат сопругите. Ова го покажа студија спроведена во Австралија, со заклучок дека причина за афера надвор од бракот била незадоволството на мажите поради упорното одбивање на кое наидуваат кај сопругите.
Сепак, мажите исто така најмногу ги обвинуваат сопругите за тоа што се неверни.

Во истражувањето, неверните мажи откриле како ги бираат жените со кои вршат неверство. Процесот на бирање не е случаен и мажите многу размислуваат за тоа, па потоа го планираат неверството и на крајот го вршат.
Од 1.300 испитаници, 27% од мажите признале дека во случај да се незадоволни од врската, би се обиделе да заведат колешка од работа. Иако секогаш „втората“ жена се опишува како мистериозна заводничка, таа најчесто е некој кој ви е близок. Значи, мажите обично за афера бираат жена која ја познаваат од претходно. И тоа најчесто се случува со колешките, бидејќи со нив минуваат најмногу време.

Дури 99% од мажите откриле дека имале афера или сериозно размислуваат да извршат неверство. Повеќето изјавиле дека главниот мотив за барање љубовница е интимниот однос кој би ги задоволил нивните потреби.
Кога станува збор за жените, се смета дека половина од нив имаат афера по раѓање на детето.

Жените најмногу го гледаат изгледот на мажот, но има и такви кои ги привлекуваат мажи на интелектуално ниво.
И мажите и жените изјавиле дека извршиле неверство за да го зачинат малку љубовниот живот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK