ноември 23, 2024

„Бесмислено варварство.Ова се единствените зборови што ми паѓаат на ум кога гледаме како Русија изведува уште еден ракетен напад врз мирните украински градови пред Нова година“,напиша на Твитер министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, денеска најновите руски ракетни напади ги нарече „бесмислено варварство“.

„Бесмислено варварство. Ова се единствените зборови што ми паѓаат на ум кога гледаме како Русија лансира уште еден ракетен напад врз мирните украински градови пред Нова година“, напиша Кулеба на Твитер.

Кулеба наведе дека не може да постои „неутралност“ пред ваквите напади, кои тој ги опиша како „масовни воени злосторства“.

„Да се преправате дека сте ‘неутрални‘ е еднакво да застанете на страната на Русија“, изјави Кулеба.

Украинското Министерство за надворешни работи одвоено објави твит во кој се покажува проектилот кој погодил приватна куќа, но не експлодирал, во западниот регион Ивано-Франковск.

Предупредувања за воздушни напади поради можноста од руски напади беа издадени низ целата земја претходно во текот на денот.

Советникот во украинскиот Претседателски кабинет, Михаило Подољак, на Твитер објави дека Москва лансирала над 120 проектили врз земјата.

Во меѓувреме, локалните власти во главниот град Киев и градовите Одеса, Лавов, Харков, Житомир, Миколаев и Криви Рих пријавија експлозии и прекини на електрична енергија.

Засега нема извештаи за евентуални жртви.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK