Според првичните информации, 5 лица загинаа, а 37 се повредени во пожарот што избувна при судир на транспортен камион со автобус на автопатот во близина на Сеул, главниот град во Јужна Кореја
Според првичните информации, 5 лица загинаа, а 37 се повредени во пожарот што избувна при судир на транспортен камион со автобус на автопатот во близина на Сеул, главниот град во Јужна Кореја.
Националната противпожарна агенција соопшти дека сообраќајната несреќа се случила во тунел на автопат, при што на самото место на несреќата избувнал пожар.
Противпожарните екипи констатираа дека во несреќата, во која животот го загубија 5 лица, меѓу 37-те повредени, тројца се во тешка здравствена состојба.
Сѐ уште не е позната причината за несреќата. Се стравува од можноста за зголемување на бројката на загинати.
Следете не, не има насекаде