ноември 23, 2024

Светски познатата хакерска група „Анонимуси“ упати заканувачка порака до претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ!

Светски познатата хакерска група „Анонимуси“ на социјалната мрежа Твитер упати страшна закана до претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ. Тие зборуваа во двеминутно видео.

Според нив, Србија не ги слуша меѓународните институции и користи репресија за да ги постигне своите цели.

На објавеното видео се гледа наводната репресија на српската полиција во Јариње. Во видеото можете да видите како српската полиција ги смирува тензиите и спречува ескалација на конфликтот со смирување на насобраните Срби од Косово и Метохија.

Во заканата до Вучиќ се додава дека е тој е миленик на рускиот претседател Владимир Путин.

„Анонимуси не е група на немоќни луѓе што треба да се игнорираат. Ние сме организирана, глобално активна организација на истомисленици и нашата порака ќе биде јасна ако не престанете со вашите опасни акции на Косово. Народот на Косово не е без поддршка.Не сме немоќни, анонимни сме, не забораваме, не простуваме. Очекувајте нè“ – стои во заканата на „Анонимуси“.

NEW: Anonymous – Message to Serbian President

#Anonymous is not a small group of powerless people to ignore, we are an organised , globally active, collective of like-minded individuals and our message will be clear, if you don’t stop your dangerous actions in #Kosovo.” pic.twitter.com/dNOqfmhIdn

— Anonymous TV (@YourAnonTV) December 29, 2022

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK